11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Успешно реализирана кампања – “Матурска вечер без возило и алкохол!”

Успешно реализирана кампања – “Матурска вечер без возило и алкохол!”

Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка Општински совет за превенција на детско престапништво од Општината, успешно ја реализираше кампањата за безбедна прослава на матурските вечери, во рамки на проектот “Безбедно слави го успехот!”.
Претставници на тимовите од општинската администрација и од СВР Куманово, беа присутни на свечените матурски настани на сите општински средни училшта, со цел да ги потсетат матурантите на примерно однесување. Им поделија едукативен материјал и ваучери, упатувајќи им најискрени честитки и успех во животот.
Последната активност од кампањата ќе биде спроведена на 15 јуни 2026 година, ден на прославата на СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Детски ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2026