11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Реакција на градоначалникот Димитриевски за напад на пожарникари

Реакција на градоначалникот Димитриевски за напад на пожарникари

Градоначалникот Максим Димитриевски, најостро го осудува нападот што вчера се случи врз тројца пожарникари од Противпожарната единица Куманово.

„Недозволиво е напад на службени лица при вршење на својата службена должност. Пожарникарите, како и сите лица кои се во служба на чување на безбедност на граѓаните заслужуваат почит, а не физички напади.  Апелирам надлежните институции итно да реагираат и да постапат согласно законот. Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност.

Посакувам побрзо опоравување и враќање на работните задачи  на повредените лицa

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email