11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Осма ревија на народни носии во Куманово

Осма ревија на народни носии во Куманово

Центарот за истражување и одржување на традицијата “Етно фолк студио” – Куманово во Занаетчиски дом ја одржа 8 – та по ред ревија на народни носии.

Културниот настан го отвори директорот на ООУ “Карпош” Мирослав Димевски. Се обрати и претседателот на “Етно фолк студио” Перица Димковски, кој го потенцираше значењето и заложбите во сочувување на богатата македонска традиција, истакнувајќи дека овој Центар нема да застане во намерата за откривање и презентирање на културното богатство.

Традиционалниот настан, кој ја има поддршката на Општина Куманово, беше збогатен со ентузијазмот на играорците, кои ги презентираа и 5 – те народни носии и песни од кумановскиот и мијачкиот крај, Воден, Меглен, Раштак (скопски крај).

Во рамките на културно – уметничката програма настапи пејачот Филип Стојковски.

Комплетната програма на одржаната ревија во нашиот град ќе биде претставена и во Белград, Р Србија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email