11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Регионален форум на Североисточен плански регион за одржлив третман на биоотпад

Регионален форум на Североисточен плански регион за одржлив третман на биоотпад

Во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации се одржа Регионален форум на Североисточен плански регион за одржлив третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“. Овој проект е поддржан од Владата на Швајцарија преку Програмата „Цивика мобилитас“, а спроведуван од Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.
Целта на проектот е да придонесе кон транзиција на општините во рамки на концептот „нула отпад“ преку подобрување на управувањето со биоотпадот, намалување на загадувањето и ризиците од пожари, поефикасно искористување на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија.
На форумот беше презентирано базичното истражување за управување со биоотпадот, кое опфаќа анализи на количините и составот на биоотпадот, можните технологии за третман, финансиските аспекти и институционалните модели за негово управување. Заклучоците од форумот ќе послужат како основа за изработка на предфизибилити студија и обезбедување финансиска поддршка за идните решенија.
На настанот присуствуваа градоначалници и директори на јавните комунални претпријатија од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, како и претставници на институции и стопанството.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Известување
СоопштенијаНовости
ИЗВЕСТУВАЊЕ
СоопштенијаНовости
Опрема за детско катче – донација на СЕЕБРИГ