11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Свечен прием на делегации и гости по повод 11 Ноември – Денот на градот

Свечен прием на делегации и гости по повод 11 Ноември – Денот на градот

Во пригодна атмосфера, во Занаетчискиот дом во Куманово, се одржа прием на делегации и гости од земјава и странство, по повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на градот.

На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Куманово, во присуство на секретарот на Општината, Емилија Сларидис Јаневска, и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, им посака пријатен престој во градот и им се заблагодари за присуството, укажаната почит и континуираната поддршка, со што уште еднаш се потврдуваат пријателските односи и успешната меѓусебна соработка.

Во рамки на свечениот прием беше потпишана Спогодба за збратимување помеѓу Општина Куманово, претставувана од градоначалникот Максим Димитриевски, и Градот Источно Сараево од Босна и Херцеговина, претставуван од градоначалникот Љубиша Ќосиќ. Со овој чин се отвораат нови можности за продлабочување на партнерството и унапредување на соработката во повеќе области од заеднички интерес.

На приемот беа разменети пригодни подароци меѓу делегациите од збратимените градови и општини, како и претставниците на институции од повеќе градови од регионот, со кои Општина Куманово негува долгогодишни пријателски односи и успешна соработка.

На свечениот прием присуствуваа претставници од:

  1. Општина Лесковац (Република Србија);
  2. Општина Чепеларе (Република Бугарија);
  3. Општина Чукарица, Белград (Република Србија);
  4. Град Нови Сад (Република Србија);
  5. Град Бања Лука (Босна и Херцеговина);
  6. Општина Никшиќ (Република Црна Гора);
  7. Општина Своге (Република Бугарија);
  8. Град Источно Сараево (Босна и Херцеговина);
  9. Општина Херцег Нови (Република Црна Гора);
  • Општина Беране (Република Црна Гора).

Свечениот прием уште еднаш ја потврди важноста на меѓусебната  соработка, пријателството и партнерството, како значајни основи за размена на искуства, заеднички иницијативи и развој на локалните заедници.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email