Во училишната спортска сала на СОУ “Перо Наков” се одржаа „Мини олимписки игри 2026″, во организација на Македонски олимписки комитет во рамки на ОВЕП програмата, поддржана од Олимписка солидарност.
Учествуваа 260 ученици од V до IX одделение од основните училишта од Куманово и Старо Нагоричане, во различни интерактивни игри и активности, со можност да другаруваат, чувствувајќи го олимпискиот дух.
МОК донираше спортска опрема и училишен инвентар за учениците, а 20 наставници од општинските училишта беа обучени од експерт од Литванија, на тема олимписки вредности.
Настанот има за цел преку спортско – едукативни активности да се промовираат спортски вредности кај младите, преку фер – плеј, пријателство, тимска работа и здрави животни навики, како пример за соработка помеѓу образованието, локалната самоуправа и спортските организации.
Присуствуваа претседателката и членови на Совет на Општина Куманово, како и претставници на општинска администрација.









