Денеска пред градскиот базен, спортската сала и на кеј, се одржа 6 – тата еколошка акција “Генералка викенд”.
Масовната акција е во организација на Одделение за животна средина при Општина Куманово, во соработка со организацијата “Man and mountagne LLC” – Австрија и поддршка од ЈП “Чистота и зеленило” – Куманово.
Давајќи свој придонес за почиста и поздрава животна околина, во најмасовната акција до сега, учествуваа претставници на општинска администрација, на Совет на Општината, над 500 ученици од основни и средни училишта, институции, граѓански здруженија, невладини организации.
Преку грижа за животната средина и заедничка одговорност, целта е да се подигне колективната свест, создавајќи поквалитетен живот за сите.





