11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Во Куманово започна ЛАПСИ – младите со свој глас и идеи за локалната заедница
Во Куманово започнаа активностите во рамки на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, преку кој младите добиваат можност да ги препознаваат предизвиците во својата средина, да ги споделуваат своите ставови и да развиваат идеи за позитивни промени во локалната заедница.
На почетокот на активностите присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, како и претставници од Секторот за образование и Секторот за локален економски развој при Општина Куманово. Тие ги поздравија младите учесници, им посакаа успешна работа и дадоа поддршка на процесот и на нивното активно вклучување во прашањата што се важни за заедницата.
Преку индивидуална и групна работа, младите започнаа да ги мапираат локалните предизвици што ги препознаваат во своето секојдневие, да ги анализираат нивните причини и последици и да размислуваат за вистинските потреби што стојат зад нив.
Во следните фази, учесниците ќе преминат од предизвик кон идеја за решение, а потоа и кон разработување конкретни чекори за акција. Целта е младите да не бидат само набљудувачи на процесите во својата средина, туку активно да учествуваат со сопствени ставови, идеи и иницијативи.
ЛАПСИ се реализира во осум општини – Центар, Ѓорче Петров, Куманово, Тетово, Охрид, Битола, Кавадарци и Струмица, а локалните идеи и искуства на младите ќе бидат поврзани и претставени и во рамки на Националниот ЛАПСИ форум.
Проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации го спроведува Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, во рамки на BOOST – Balkans for Optimising Opportunities, Sustainability and Transformation of Civil Society, координиран од ALDA – European Association for Local Democracy, со финансиска поддршка од Agence Française de Développement (AFD).
Младите се важен дел од сегашноста и иднината на Куманово, а ЛАПСИ создава простор нивниот глас и нивните идеи да станат дел од позитивните промени во заедницата.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email