Во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, имплементиран од NDI, поддржан од Владите на Швајцарија и Кралство Шведска, денеска се одржа последната стручна обука од овој циклус, на тема „Регистар на ризици“.
На обуката присуствуваа секретарот и раководители во Општина Куманово, претседателка и членови на Совет на Општината.
На посочената тема презентираше Александра Чавдаревска, раководител на Одделение во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
Присутните активно учествуваа во плодна дискусија и работни активности, преку практични примери од интерните акти и надлежности на Општината.
Целта на оваа обука е зајакнување на капацитетите на државните службеници за системско идентификување, проценка и управување со ризици од корупција, запознавање со законската и институционална рамка, како и унапредување на свеста и културата на интегритет во Општината, преку подобро разбирање на концептот „ризик од корупција“.





