11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и НДИ

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и НДИ

Денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со вишиот резидентен директор на Националниот демократски институт (НДИ) Роберт Скот Хејзлет.  Меморандумот се однесува на „Зајакнување на отпорноста на општините кон корупцијата”, финансиран и поддржан од Швајцарската конфедерација и Кралство Шведска, имплементиран од НДИ. Ова е дел од проектот “Заедници со интегритет”, на кој двете страни веќе соработуваат. На потпишувањето присуствуваа и секретарот на Општината Емилија Сларидис Јаневска и тим лидер на проектот Дејвид Сип.   

Проектот ги поддржува општините, министерствата и агенциите на централната власт за ефикасна идентификација на ранливоста од корупција во општините, зајакнување на капацитетите на граѓанското општество за следење на донесување одлуки во општините и испораката на услуги.

Двете страни ќе работат на постигнување на следниве цели: обезбедување техничка помош за развој на внатрешни процедури и механизми насочени кон спречување на корупција, градење на капацитети на државните службеници преку прилагодени програми за обука за пријавување коруптивни практики, промовирање на транспарентноста преку поддршка на објавување податоци и јавни информации, помош во дигитализација на услуги за подобрување на ефикасноста и намалување на ризикот од корупција.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email