11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

 Трибина на тема „Улога на месните заедници и вклученост на жени во раководството“

 Трибина на тема „Улога на месните заедници и вклученост на жени во раководството“

Во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации, Хуманитарното здружение „Мајка“ одржа јавна трибина на тема „Улогата на месните заедници и вклученоста на жените во раководството“.

Трибината се реализираше во рамки на Програмата за работа на „Мајка“, со финансиска поддршка од „Акција Здруженска“, преку Фондот за поддршка на локален женски активизам, финансиран од „Kvinna till Kvinna“ и Кралство Шведска.

Целта на трибината е да се отвори дискусија за значењето на месните заедници во локалното одлучување и за потребата од поголема застапеност и активно учество на жени во нивните структури.

На настанот присуствуваа претседателката на Совет на Општина Куманово, на комисијата за избор на месни заедници и комисија за еднакви можности на жените и мажите, како и претставнички на општинска администрација.

Преку конструктивна дискусија беа разгледани предизвиците и можностите за поголемо учество на жените во месните заедници, со заеднички препораки и иницијативи за создавање поинклузивни локални заедници.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Реакција на прес на СДСМ
СоопштенијаНовости
Известување