Претседателката на Совет на Општина Куманово Ѓорѓиевска учествуваше на регионален консултативен настан во Кавадарци, во врска со измените на Законот за меѓуопштинска соработка, наменет за четирите региони: Вардарскиот, Источниот, Североисточниот и Југоисточниот регион.
Настанот е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“, финансиран од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, спроведен и кофинансиран од УНДП.
Преку конструктивна дискусија, учесниците од своја позиција споделија предлози со образложенија, со цел создавање попрактично и поприменливо законско решение.
.
