11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

“Уметничка сензација” – ученичка изложба на СОУ “Перо Наков” – Куманово

“Уметничка сензација” – ученичка изложба на СОУ “Перо Наков” – Куманово

Во салонот на Уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово, вечерва беше отворена трета по ред, групна годишна изложба на учениците од I до IV година, при СОУ “Перо Наков” – Куманово, кои се опфатени со наставата на стручни предмети од областа на уметноста.
Присутните имаа можност да разгледаат обемна поставка   на уметнички творби, изработени во текот на учебната 2025/26 година.
Проектот опфаќа повеќе графички техники: графички дизајн, линорез, линогравура, сува игла, графика во боја, дигитална графика, цртежи изработени со молив, со туш и комбинирана техника и слики изработени во повеќе техники: масло на платно, акрил на платно и др.
На културно – уметничкиот настан присуствуваа  претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email