Во преполната спортска сала во Куманово се одигра финалниот натпревар од купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, помеѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Аеродром.
Во неповторлива еуфорична атмосфера и борбена игра на теренот, МЗТ Аеродром уште еднаш триумфираше. Честитки за борбената игра и спортскиот дух на МКК Куманово, како и за стручниот штаб и раководството за историскиот пласман во финалето на Куп на Македонија 2026. Успехот е резултат на посветеност, тимска работа и огромна поддршка за нашите кошаркари од кумановските навивачи на трибините.