11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Љубов за музика” – концерт на УОМО “Панче Пешев”– Куманово

“Љубов за музика” – концерт на УОМО “Панче Пешев”– Куманово

Традиционалната музичка манифестација во знак на празникот на љубовта и виното, во организација на музичкото училиште, се одржа вечерва во Занаетчиски дом, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.
Учениците и наставниците се претставија со интерпретација на филмска музика, од познати светски класици и домашна продукција. Настапија соло изведувачи, пејачки група и хорот при училиштето, на задоволство на многубројната публика.
На музичката вечер присуствуваа претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општина Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email