11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Честитка по повод празникот 11 Ноември

Честитка по повод празникот 11 Ноември

Почитувани сограѓани,
Со искрена гордост и особена чест ви го честитам 11 Ноември – Денот на Куманово!
Овој ден не е само потсетување на еден историски датум. Тој е симбол на слободата, храброста, пожртвуваноста и непокорот на генерациите кои ја испишаа историјата на нашиот град, ден кога со достоинство и почит се сеќаваме на сите оние, кои се бореле за слободно Куманово, за подобар живот и за иднината на поколенијата што доаѓаат.
Куманово е нашиот дом, нашето заедничко минато, нашата сегашност и нашата одговорност кон иднината. Град со препознатлив дух, со богата традиција, со силни и достоинствени луѓе, кои низ времето покажале дека најголемата вредност на еден град се неговите граѓани.
Нека нè обединува љубовта кон Куманово, нека нè води гордоста од неговото минато, а нека ни биде заедничка цел создавањето подобра, посреќна и попросперитетна иднина.
На сите граѓани им посакувам многу здравје, лична и семејна среќа, успех и благосостојба.
Да го чуваме, да го почитуваме и заедно да го градиме нашиот град. Зашто Куманово е наше заедничко богатство, а неговата иднина е во наши раце!
Нека ни е честит 11 Ноември – Денот на Куманово!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email