Во НУЦК “Трајко Прокопиев” се одржа јубилејниот годишен концерт на КУД “Панче Пешев”, по повод 100 години успешно постоење. Комплетната организација е на Друштвото, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на Македонија.
Со пригодно обраќање, градоначалникот на Општината Димитриевски го прогласи за отворен јубилејниот концерт, истакнувајќи дека “Панче Пешев” се достојни чувари на македонската културна традиција во Куманово.
На концертот, организиран во три блока, настапија сите генерации членови на Друштвото, од најмалите на 7 години до ветераните на 77 години, покажувајќи дека љубовта кон фолклорот и културното творештво не познава години и граници, успешно пренесувајќи се од генерација на генерација.
Настапите на членовите на КУД „Панче Пешев“ ја потврдија посветеноста во зачувувањето и промовирањето на македонското културно богатство.
Честитки за стогодишниот јубилеј, со желби за успешни години исполнети со игра, песна и неповторливи емоции на сцената.
