11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

16  дена активизам против насилство врз жените

16  дена активизам против насилство врз жените

По повод 16 – те дена активизам против насилство врз жените, Хуманитарното здружение “Мајка” со финансиска поддршка од Општина Куманово, изработи видео кое ја истакнува важноста на информирањето, препознавањето на насилство и достапноста на услугите за поддршка и заштита.

Насилството не треба да се премолчува. Без разлика на околностите, секоја жена има право на сигурност, достоинство и живот без насилство. Доколку се соочувате со семејно или родово базирано насилство, важно е да знаете дека не сте сами и дека постои помош.

Советувалиште за жени – жртви на семејно и родовобазирано насилство  „Комфор зона за жени“ нуди бесплатна психолошка, социјална и правна поддршка. Тука можете да бидете сослушани, да ги споделите своите грижи и да добиете информации и поддршка за понатамошните чекори.

Не сте сами.

Вашиот глас е важен.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email