11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

17 – ти меѓународен фолклорен фестивал во Чепеларе

17 – ти меѓународен фолклорен фестивал во Чепеларе

Детско – младинскиот фолклорен ансамбл “Срма” и КУД “Панче Пешев”, заедно со претставници на Општина Куманово, присуствуваа на 17 – тиот меѓународен фолклорен фестивал “Веселие во Чепеларе”.

Фестивалот во збратимената општина од Бугарија имаше ревијален карактер, на кој настапија културно – уметнички друштва од Македонија, Бугарија, Грција и Турција.

Во рамките на првата посета на Чепеларе, кумановските друштва пред многубројната публика достојно го претставија богатото македонско културно наследство, преку традиционални ора и народни носии. Промовирајќи ги македонската традиција, идентитетот и културните вредности преку фолклор, играорците оставија силен впечаток.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email