11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

“Куманово ОПЕН 2026” – Меѓународен турнир во карате

“Куманово ОПЕН 2026” – Меѓународен турнир во карате

Куманово за првпат е домаќин на меѓународен турнир во карате, во организација на Карате клуб “Башкими 2002”, предводен  од тренерот Мурсел Мисини, со поддршка на Општина Куманово, Карате федерацијата на Македонија и општествено одговорни компании, кои се залагаат за афирмацијата и развој на спортот во градот.
На денешниот натпревар во Спортската сала, пред љубителите на спортот, настапија учесници во повеќе категории од Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција, каратисти кои постигнале врвни  резултати на европско и светско ниво.
Пред публиката се обрати градоначалникот на Општина  Куманово, Максим Димитриевски, кој уште еднаш ја истакна спортската традиција  на градот, потенцирајќи дека денешниот турнир е вистински показател за капацитетот и условите  за продолжување на  успесите, на кумановските талентирани спортисти и спортски работници.
На најуспешните каратисти им беа доделени медали, трофеи и пофалници, а на покровителите им беа врачени плакети, во знак на благодарност и несебичната поддршка.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Годишен концерт на Балетско студио УЛТРА
СоопштенијаНовости
“Срце без граници” – Bears moto rock fest 2026