11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Денеска во Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување – ОШЗС, во врска со актуелната состојба со опожарување на депонијата Краста и други активни пожари, превенција на пожари на територијата на Општина Куманово и на регионалано ниво.

Состанокот го водеше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Присуствуваа претставници на институциите:

-ТППЕ – Куманово

-РЦУК – Куманово

-ЦУК

– СВР Куманово

-Армија на Република Северна Македонија

-ЈЗУ Општа болница – Куманово

-Општинска организација на Црвен крст – Куманово

-ЈП Водовод – Куманово

-ЈП Национални шуми – подружница Куманово

-ЈП Куманово Гас – Куманово

-ЈП Чистота и зеленило – Куманово

-ДЗС – Куманово

– членови на ОШЗС, претседателка на Советот на Општина Куманово и раководител на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат при Општина Куманово.

На состанокот беа донесени следниве заклучоци во форма на препораки и задолжувања:

  • Се задолжува Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово заедно со СВР Куманово, да организира тимови за позорна дејност во форма на патроли, кои ќе бидат распоредени за контрола на најкритичните локации во градот, со зачестена појава на опожарување од страна на несовесни граѓани. Тимовите да бидат во состав од еден полициски службник и еден инспектор или редар од Сектор за инспекциски надзор, кои ќе работат во две смени.
  • Се задолжува ТППЕ – Куманово да отвори времен пункт од 08:00 часот до 20:00 часот, на локација Спомен Костурница, поради брза интервенција на критични точки во градот и вон градот.
  • Се задолжуваат сите јавни претпријатија, кои располагаат со механизација и човечки ресурси да ги стават истите на располагање на ЈП Чистота и зеленило, за да се надмине и реши проблемот со опожарување на депонијата Краста.
  • Се задолжува Одделението за комунални работи, инфраструктура и сообраќај при Општина Куманово, да ги контактира сите градежните компании кои соработуваат со Општината и имаат тешка градежна механизација и да побара ресурси за да се вклучат во постапка на нанесување нова земјина подлога, на постоечката депонија и акумулираниот смет.
  • Се задолжува ТППЕ – Куманово да отстапи едно возило пикап со пумпа и резервоар за вода и челични метли на ЈП Национални шуми – подружница Куманово, за следниот период, согласно препораки и мерки на Владата за кризна состојба.
  • ОШЗС во координација со СВР Куманово (Оддел за превенција), и раководствата на месните самоуправи во руралните средини, да организираат превентивни кампањи, каде имало зачестени пожари во последните 3 години.
  • Навремено да се изготви временски план за кампања за превенција од пожари и да се информираат медиумите за нивно вклучување.
  • Се задолжува Секторот за инспекциски надзор на Општина Куманово во координација со ЈП Чистота и зеленило, да ги мапираат сите диви депонии на територија на Куманово со акцент на густо населени средини и веднаш да се постапи со нивно расчистување.
  • Да се постапи согласно нацрт записникот од сто и осумдесеттата седница на Влада на РСМ, оддржана на 09.06.2026 година.
  • Да се засили инспекциски надзор над инсталациите кои поседуваат Б-интегрирани еколошки дозволи, со цел обезбедување, доследно почитување на еколошките стандарди и условите утврдени во дозволите, како и спречување на загадување на животната средина.
  • Сектор за инспекциски надзор да побара од станбените управители во колективните објекти за домување да превземат мерки и активности, во насока на организирано и редовно одржување на заедничкиот простор околу станбените објекти (косење на трева и кастрење на дрвна маса). Во исто време, дополнително се препорачува и се бара од страна на инспекциските служби на ДЗС, да се направи вондреден надзор во однос на исправноста на хидрантската мрежа, како и ПП апарати во колективните станбени објекти.
  • АПЕЛИРАМЕ до граѓаните да НЕ опожаруваат стрништа и суви треви (особено во наредниот период), да внимаваат каде и како фрлаат отпушоци, да водат сметка за прописно одлагање на лесно запаливи материјали (картонски опаковки, некомунален отпад, гранки и др.), со цел да се намали ризикот од пожари. Исто така, ОШЗС апелира да се пријават сите забележани пожари и лица кои опожаруваат и предизвикуваат општа опасност на јавни површини, во МВР на 192, на дежурните телефони 112 и 078 365 061.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Детски ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2026