11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Авионско прскање против комарци

Авионско прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 02.07.2026 година (четврток),  во раните утрински часови, со почеток во 05:00 часот на територијата на oпштината ќе се изврши авионско прскање против комарци.

Третманот ќе се изврши на површина од 1270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месна заедница Бабин Дол, месна заедница Гоце Делчев, месна заедница Тоде Мендол, централно градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ – с.Добрашане. При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30.

Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Јавен повик бр.01/26-дополнување
Соопштенија
Јавен повик бр.02/26-дополнување
Соопштенија
Јавен повик бр 03/26-дополнување
Соопштенија
Јавен повик 04/26-дополнување