Успешната соработка помеѓу Општина Куманово и Бригадата на Југоисточна Европа, со седиште во касарната Боро Менков, во Куманово, резултираше со нова донација, наменета за најмалите во спортско – рекреативниот центар кај Спортска сала. Донацијата се состои од детски реквизити за обнова и уредување на постоечко детско катче кај тениските терени во спортскиот комплекс. Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, во знак на благодарност и досегашната несебична поддршка, му додели плакета на командантот на СЕЕБРИГ, бригадниот генерал Билбил Битри, по потпишаниот договор за донација, од двете страни.
Секретар Емилија Сларидис Јаневска
Бригаден генерал на СЕЕБРИГ Билбил Битри



