Делегација на Општина Куманово присуствуваше на градската манифестација “Пантелиски дани” (8-10 август), најзначајниот празник на Бјелина, во присуство на бројни делегации на братски и партнерски градови, претставници на дипломатскиот кор и други поканети гости.
Во рамки на прославата беше организиран пригоден прием за делегациите, свечена академија, полагање на свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци на плоштадот, литургија во црквата Свети Пантелејмон и литија низ градските улици на Бјелина.
Посетата на збратимената општина во Република Српска, беше искористена за воспоставување на нови пријателски врски и размена на позитивни искуства, со што беше потврдена повеќегодишната соработка, значајна за граѓаните од двете страни.
