Во организација на Падел федерација на Македонија, викендов во Куманово (15-16 август 2026), се одиграа финалните натпревари во падел, во стортскиот центар ММ Спорт. Падел е најбрзо растечки спорт во светот и претставува комбинација од тенис и сквош.
Спортската манифестација во Куманово е историски настан, по чии резултати ќе се формира првата официјална национална ранг – листа, која ќе биде основа и за меѓународното рангирање на македонските играчи.
Падел се организира на европско и светско ниво, а во меѓународните спортски кругови активно се работи на негово вклучување во програмата на Олимписките игри.
Претставник од Општина Куманово, раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Дејан Стојановски, заедно со најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, ги доделија наградите и признанијата, медалите и пехарите на најуспешните натпреварувачи.
Главен судија и делегат на првенството беше Зоран Поповски, меѓународен тениски судија, кој е прогласен за најдобар линиски судија во светот, со што на настанот беше обезбедено врвно и професионално судењe.
.
