Поставена нова урбана опрема
Општина Куманово започна со поставување на нова урбана опрема во центарот на градот. Досега се поставени околу дваесет нови клупи и канти за отпадоци на двата градски плоштади. Се планира да бидат поставени вкупно сто од истите во наредниот период.