11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Честит 11 Октомври – Ден на народното востание и ден на борецот

Честит 11 Октомври – Ден на народното востание и ден на борецот

11 Октомври е еден од најважните историски датуми за Македонија, ден кога се поклонуваме пред хероите, нашите предци, ќерки и синови, кои го кренаа гласот против неправдата и храбро тргнаа по патот на револуцијата, бранејќи ја татковината и својот народ. Со достинство и почит се сеќаваме на сите учесници во НОБ (1941-1944), кои ги поставија темелите на македонската државност и националниот идентитет. Историјата памети и не потсетува да ги чуваме и браниме “крваво” платените придобивки, да продолжиме по зацртаните идеали на револуционерниот и слободарски дух, да бидеме пример за наредните генерации, градејќи стабилна, прогресивна иднина на соживот, со меѓусебна почит и толеранција. Упатувам честитка до сите граѓани на градот првоборец, во име на Општина Куманово и од мое лично име, нека е честит и вековит денешниот празник – Ден на народното востание и ден на борецот – 11 Октомври, симбол на македонскиот непокор! Да живее македонскиот народ, да живее татковината!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email