
Кумановското средно училиште денеска со литературно – музичка програма го одбележа патрониот празник. Пред бистата на истакнатиот првоборец од НОБ, Киро Бурназ, во знак на благодарност и почит, бројни делегации од повеќе институции и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе. Претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска со претставници од општинската администрација, раководителите Александар Јовановиќ и Дејан Стојановски, ја предводеше делегацијата од Општина Куманоово. Присутните на настанот имаа можност да ги разгледаат училишните простории, на современиот регионален центар, кој ги поврзува образованието, стопанството и европските искуства.