Едукативна презентација за жени, во рамки на традиционалната кампања во тек на месец октомври, за рано откривање на рак на дојка, ќе се одржи на 19.10.2026, во 12 часот, во кружната сала на поранешен Комитет, во Куманово.
Настанот е во организација на Општина Куманово и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки Куманово.
“Препознај, провери, спречи!” – е мото на овогодишната презентација, кое повикува на превентива, информираност, грижа за сопственото здравје и навремено лекување на оваа болест кај женската популација.