Во организација на Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД, во рамки на програмата на активности на Младинскиот центар MultiКулти – Куманово, со поддршка на Општина Куманово, денеска се одржа осмото издание на уличната трка за рекреативци “Born 2 run”.Традициналниот спортски настан започна на градскиот плоштад “Нова Југославија”, со пригодно отворање, на кое се обрати претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, нагласувајќи ја важноста на здравиот и активен начин на живот, мотивацијата и поврзаноста на граѓаните од сите возрасти во заедницата.Учесниците се натпреваруваа во 2 патеки, со должина од 3 км и 10 км, низ улиците на централното градско подрачје.Присуствуваа претставници од општинската администрација, членови на Советот на Општината, претставници од МВР – СВР Куманово, од меѓународната и локална заедница, граѓански здруженија и јавни установи и институции.На најуспешните претставници им беа доделени благодарници, награди и признанија, за нивното учество и придонес во афирмацијата на спортските активности.