11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Те чекам” – театарска претстава

“Те чекам” – театарска претстава

Претставата “Те чекам” во продукција на “Театар за тебе”- Скопје, денеска беше изведена пред публика, составена од средношколци, нивни наставници, стручни служби при кумановските средни училишта и претставници од општинската администрација.
Интерактивната дуодрама во режија на Изабела Јакимова, е наменета за млади лица над 16 – годишна возраст, која преку театарски пристап, отвора простор за разговор со младите за емоциите, менталното здравје и важноста на меѓусебното разбирање и поддршка.
Драмскиот настан е организиран од Општина Куманово, односно Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, во партнерство со организациите на граѓани ЦИД – Центар за интеркултурен дијалог, МултиКулти и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email