Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска го посетија објектот “Пчелка”, во кумановската градинка, ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”.
Раководните лица со персоналот на објектот пред присутните го промовираа дефектолошкиот кабинет, специјално опремена просторија за стручните соработници и наставници, наменет за дополнителна образовна поддршка на учениците, реализиран од сопствените средства на градинката. На настанот присуствуваа претседателката на Советот на Општината и пратеници од Собранието на РСМ.
Присутните ги поздрави директорката на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово, Ивана Николиќ, по што следуваше кратка музичка програма, во изведба на дечињата од градинката, кои се претставија со есенска кореографија.
Ваков кабинет за инклузија на учениците постои и во објектот “Синоличка”.