11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Живот со попреченост – предизвици, поддршка и инклузија”- панел дискусија

“Живот со попреченост – предизвици, поддршка и инклузија”- панел дискусија

Во организација на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша” – Куманово, во соработка со Општина Куманово, денеска во Занаетчиски дом се одржа трибина, во рамки на активностите по повод одбележувањето 20 години од постоење и работа на здружението.
Основна цел на настанот е да се поттикне отворен и конструктивен дијалог за предизвиците, со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства, достапноста на социјалните услуги, можностите за независно живеење и унапредувањето на инклузијата во локалната заедница.
На панел дискусијата учествуваа претставници од институциите, стручни лица и претставници на граѓанскиот сектор:
– Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади,
– Ивана Ѓорѓиевска – претседателка на Советот на Општината,
– Оливера Станковиќ – од Завод за социјални дејности,
– проф, д-р Владимир Илиевски – социјална работа и социјална политика и
– Марија Стоилковска – дипломиран политиколог.
Трибината е реализирана согласно Јавниот повик за финансиска поддршка за организирање на превентивни мерки и активности, во областа на социјалната и детска заштита на Општина Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email