11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Ј А В Е Н  П О В И К за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година  

Ј А В Е Н  П О В И К за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година  

Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, бр.01-16099/1 од 05.11. 2026 година, Општина Куманово објавува

Ј А В Е Н  П О В И К

                за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година

 

            Со цел унапредување и развој на културата во Општина Куманово, како и успешна реализација на Програмата за културни манифестации за 2027 година, се повикуваат сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве услови:

  1. Критериуми

Како подносители на  предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, согласно законот
  • да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
  • да придонесуваат за збогатување на културниот живот во општината;
  • да придонесуваат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Куманово;
  • да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници;
  • да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците;
  • да обезбедат континуитет на традиционалните културно-уметнички манифестации кои се од локален карактер;

 

  1. Потребна документација

Подносителите на барања потребно е да достават Образец за предлог-проект за организирање културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година, кој во себе содржи:

  • основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт);
  • активна трансакциска сметка на здружението;
  • краток опис на организацијата, предлог-проект за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација;
  • потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
  • доказ за регистрација за вршење на дејност со седиште на територија на општина Куманово (тековна состојба од Централен регистар), не постар од 6 (шест) месеци.

 

  1. Рок и начин на доставување на барањата

Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk  ќе трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето , односно од 06.11.2026 година заклучно со 26.11.2026 година.

Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за култура и спорт, за Јавен повик од областа на културата 2027 година“.

Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог-проекти.

 

Секој предлог-проект потребно е да биде доставен со посебен образец заведен со посебен архивски број.

 

Секој предлог- проект се организира на посебен датум, без можност за спојување на еден или повеќе предлог- проекти од ист подносител (организатор) на ист датум.

 

       Предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година ќе бидат разгледувани од страна на општинска Комисија за разгледување на предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Куманово.

Исполнувањето на критериумите за секој предлог- проект поединечно, Комисијата го утврдува со пополнување на Табела за бодирање на предлог – проект.

Бодирањето е составено од пет компонентни и тоа:

  1. Исполнетост на документација согласно правилник (максимален број на бодови-(15)
  • Исполнетост на критериуми (5)
  • Целосна документација (5)
  • Навремено и целосно доставување на наративен и финансиски извештај од претходна година доколку постои (5)
  1. Реализација на проектот (максимален број на бодови-35)
  • Опис и целисходност на концептот (5)
  • Цел на одржување и целни групи (5)
  • Временска рамка (5)
  • Локација (5)
  • Очекувани резултати (5)
  • Посетеност (5)
  • Континуитет на проектот (5)
  1. Финансиска конструкција (максимален број на бодови- 20)
  • Структура на приходи (10)
  • Структура на расходи (хонорари, соработници, патни и транспортни трошоци, организациски трошоци, техничка опрема и сл.) (10)
  1. Буџет (максимален број на бодови- 20)
  • Сопствени средства (5)
  • Очекувани средства од општината (5)
  • Други извори на финансирање и соработки (5)
  • Сооднос помеѓу проценетите трошоци и очекуваните резултати (5)
  1. Маркетинг (максимален број на бодови- 10)

-покани, плакати, флаери, постери, каталози и сл. (10)

 

Вкупниот број на бодови кои може да ги освои еден предлог- проект изнесува 100 (сто) бода.

Доколку еден предлог- проект освои под 50 бода истиот ќе се смета за неподобен за негова реализација и истиот нема да биде дел од Програмата за културни манифестации на Општина Куманово за 2027 година.

Предлог- проектите кои ги исполуваат критериумите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот ќе бидат дел од Предлог -програмата за културни манифестации за 2027 година.

Програмата за културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година ја донесува Советот на Општина Куманово.

     Предлог-проектите кои не ги исполнуваат критериумите нема да бидат предмет на разгледување.

Сите подносители на барањата чии предлог-проекти нема да бидат прифатени ќе бидат  поединечно известени по писмен пат.

За предлог-проектите кои ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2027 година подносителите ќе потпишат договор за меѓусебни права, обврски и одговорности за финансиска поддршка на културни манифестации предвидени во Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2027 година, со Општина Куманово.

       Важни информации:

       Образецот за предлог-проект за организирање културни манифестации во Општина Куманово за 2027 година е во прилог на Јавниот повик и истиот задолжително треба да се пополни.

       Секој предлог-проект потребно е да биде доставен со посебен образец заведен со посебен архивски број.

       Доколку одреден предлог – проект не е доставен со посебен образец, истиот ќе биде одбиен со образложение – непотполна документација.

 

 

Прилог 1: Образец за проекти од областа на култура за 2027 година

Shtojca 1: Formular per projektin nga fusha e kultures 2027

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email