Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 28.10.2019 год

Известување

од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 28.10.2019 год.

По појава на зголемена загаденост на воздухот во тек на изминативе неколку денови,  се  одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово и МВР. На состанокот се донесоа следните заклучоци и препораки:

  1. Се задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ да врши зачестена аеросолизација и миење на улици во централно градско подрачје.
  2. Се задолжува ТППЕ Куманово да се приклучи на ЈП „Чистота и зеленило“ во миење на улиците и тротоарите во централното градско подрачје.
  3. Се задолжува Сектор за инспекциски надзор да изврши контрола кај сите правни субјекти кои заради вршење на својата дејност користат горилници, дали имаат поставено соодветни филтри и доколку немаат, да им наложат да извршат прочистување на оџаците и поставување на заштитни филтри, во најкраток можен рок.
  4. Се задолжува Одделение за заштита на животната средина и природата при Општина Куманово, да ангажира лиценциран правен субјект за анализа на квалитет на воздухот со соодветни мерења на повеќе локации во централно градско подрачје.
  5. Се задолжуваат надлежни сектори при Општина Куманово, во координација со Министерство за животна средина и просторно планирање, да предложат дополнителни локации за поставување на нови мерни инструменти за мерење на квалитет на воздухот.
  6. Од СВР Куманово, се бара да врши засилени контроли на несовесни граѓани и други правни и физички лица кои ја загадуваат околината преку фрлање на отпад надвор од местата предвидени за одлагање на смет, кои палат стрништа и друг вид на отпад, засилена контрола на моторни возила – учесници во сообраќајот како и контролирање на издувните гасови на истите.

АПЕЛ до граѓаните за разумно постапување, поточно, возилата да не се користат без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од одпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатството на производителот, редовно чистење на оџаците.

Општинси штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата со лошиот квалитет на воздухот и ќе превзема соодветни мерки.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт