11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Честитка за 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Честитка за 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

На овој голем, ден со гордост и почит се сеќаваме на основоположниците на македонското револуционерно движење и на сите херои кои гинеа за слободата, водени од идеалите за независна и суверена Македонија. Нивниот завет, храброста и борбениот дух, нека бидат наш вечен патоказ за чување и градење на татковината, македонскиот идентитет и суверенитет. Длабоко во нашите корени е всаден македонскиот непокор, со достоинство и гордост се сеќаваме на нашите предци, кои тргнаа по патот на револуцијата и победата. Нека е честит и вековит празникот, честитки до сите граѓани на Куманово, да живее Македонија!

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email