11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Градоначалникот Димитриевски присуствуваше на Светосавска Академија во Скопје

Градоначалникот Димитриевски присуствуваше на Светосавска Академија во Скопје

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, присуствуваше на традиционалната манифестација, во чест на духовниот водач на српскиот народ, просветител, историчар и архиепископ Свети Сава, на покана на организаторите Српски културен центар, претседателот на Република Србија и Министерството за односи меѓу заедниците во РСМ, вечерва во Македонски народен театар (МНТ), Скопје.
Свечената Светосавска Академија ја увеличаа еминентни музички и драмски интерпретатори, историчари, публицисти, настапија и културно – уметнички ансамбли од Македонија и Србија, пренесувајќи ја пораката и желбите на српската заедница во земјава, за почитување на различните култури, единство и соживот меѓу народите и етничките заедници.
Дел од публиката беа високи државни функционери од Република Србија, Република Црна Гора, Република Српска и Македонија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email