11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Делегација од Општина Куманово во посета на Херцег Нови

Делегација од Општина Куманово во посета на Херцег Нови

Делегација од Општина Куманово, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на Општина Херцег Нови, на покана на претседателот Стеван Катиќ.
Во рамки на празничната прослава поканетите делегации и гости од регионот, присуствуваа на свечена седница на Собранието на црногорската Општина и на свеченото дефиле на Градска музика и мажоретки низ централното градско подрачје.
Претставниците од пријателските општини имаа можност да разменат позитивни искуства од повеќе области, кои ќе бидат значајни за граѓаните во текот на идната соработка и развој на нови проектни активности.
Општина Куманово ја претставуваа раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ и директорот на ООУ “Карпош” – с.Умин Дол, Мирослав Димевски.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email