Отсек за превенција – СВР Куманово и Општински совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово ги известуваат граѓаните, особено младата популација, дека на 18 септември 2026 година (петок), со почеток во 19 часот, ќе се организира ревијално возење по улиците низ градот, со Спортското здружение на мотоциклисти – Мото клуб “Мечки”- Куманово, за сите оние кои управуваат со моторцикли, четирицикли и други слични возила.
Сите заинтересирани лица кои сакаат да возат со моторџиите, може да присуствуваат на кумановскиот градски плоштад во предвидениот термин, каде е зборното место за старт на настанот. Потоа, ќе следува ревијално возење низ најфрекфентните улици низ градот, враќање на градскиот плоштад, по што следува видео – презентација: “Безбедно на мотор – носи кацига!”, на видео бим, во организација на Отсек за превенција – СВР Куманово и Мото клуб “Мечки”- Куманово. Истовремено ќе бидат поделени промотивни и едукативни флаери за учесниците на ревијалниот настан, со цел да се истакне во јавноста и да се привлече внимание кај граѓаните од сите возрасти, како треба да изгледа заштитната опрема, неопходноста од носење на заштитната кацига, која за моторџиите значи “живот”.
Добредојдени се сите љубители на мотоциклизмот на заедничко дружење, забава и едукација на градскиот плоштад во Куманово!