11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

Известување од Сектор за даноци и такси

Известување од Сектор за даноци и такси

Сектор за даноци и такси при Општина Куманово ги известува граѓаните – даночни обврзници дека е во тек дистрибуција на Опомени за данок на имот за физички лица за 2025 година, како и Решенија за присилна наплата за 2024 година на домашна адреса преку Агенција за македонски пошти, со која Општина Куманово има склучено Договор.

Станува збор за Решенија и Опомени кои се генерирани на 07.11.2025 година, а дистрибуцијата започна вчера и  се одвива со големо задоцнување.

Се извинуваме на граѓаните, односно обврзниците кои го имаат подмирено долгот во период од 07.11.2025 година до денеска, а сепак ќе добијат решение или опомена, истите да не ги земаат предвид.

Доколку било кој обврзник има нејаснотии, може да се обрати во Сектор за даноци и такси, поранешна зграда на ,,Козјак” спроти градски стадион, во канцелариите бр. 1, 3 и 10 за дообјаснување и преглед на својата финансиска картица. Обврзниците можат да се јават и на телефонските броеви 031 414 375 и 031 422 641, како и да ги користат електронските адреси, кои ги има на веб – страната на Општина Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email