Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25) и член 2,3 и 6 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр.147/08, 45/11), Општина Куманово го дава следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известува заинтересираната јавност и сите засегнати страни, Општина Куманово согласно донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина со (арх.бр.21-17159/1 од 27.11.2025год.), по добиена согласност од Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (арх.бр.21-1847/2 од 04.02.2026 год.), отпочна процедура за стратегиска оцена на животната средина, поврзано со постапка за усвојување на планска документација за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со група на класа на намена Г1.1- каменолом на К.П. бр.717- КО Биљановце – вон град, Општина Куманово, и согласно горенаведеното подготвен е нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОВЖС).
Целта на овој нацрт извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предложи соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.
Подготвениот Нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина за урбанистички план за изградба на објекти со група на класа на намена Г 1.1 – Каменолом на К.П. бр.717 КО Биљановце – вон град, Општина Куманово , ќе биде достапен за јавен увид на интернет страната на Општина Куманово на следниот ЛИНК и во просториите на Општина Куманово, Одделение за заштита на животната средина и природата, работна просторија бр.5, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот во текот на периодот за јавен увид (02.03.2026 – 01.04.2026). Јавниот увид ќе трае 31 (триесет и еден) ден од денот на објавувањето на соопштението.
Јавната расправа – консултации со јавноста по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржи во:
- Простории на Општина Куманово (главна општинска зграда-сала за состаноци) на ден 23.03.2026год, од 13.00 – 15.00часот.
Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена, може да се достават на следниот начин:
- електронски на следните адреси:
- по пошта на следната адреса:
Општина Куманово
(со назнака до Одделение за заштита на животната средина и природата)
Ул.„11 Октомври“ б.б
1300 Куманово
Република Северна Македонија