11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Kumanovo open 2026 – Шаховски фестивал

Kumanovo open 2026 – Шаховски фестивал

Куманово е домаќин на четиридневниот шаховски фестивал (29.05 – 01.06.2026 год.), кој се одржа во ресторанот Грација, во организација на ГШК Куманово, со поддршка на Општината.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, на денешниот завршен ден, ги посетија натпреварувачите и им посакаа успех во финалниот дел од фестивалот.
Меѓународниот турнир во стандарден шах, дава посебно значење на развојот на оваа игра во градот, претставува нов чекор и инспирација за генерациите, кои допрва почнуваат да се натпреваруваат.
Учествуваат шахисти од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, Турција, Германија, Швајцарија, Полска и Шведска. На спортскиот настан се одиграа шаховските дисциплини: Турнир А – Опен 2250 со 112 натпреварувачи, Турнир Б – U 10 (родени 2026 година и помлади) со 39 учесници, според швајцарски систем и се одиграа 7 кола. Фестивалот е организиран според рејтингот на FIDE – Интернационалната шаховска федерацијa. На најуспешните натпреварувачи ќе им бидат доделени пехари, медали и специјални награди.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
ИЗВЕСТУВАЊЕ
СоопштенијаНовостиОбраќања
Препораки од јавна дебата со граѓански организации и фондации