Традиционалниот настан во знак на христијанскиот празник Водици, се одржа денеска во ресторанот Грација, во организација на Здружението на дијабетичари “Куманово” и Здружението на граѓани “Еко – гард” од Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината. Празничното дружење беше збогатено со музичка програма, народна песна и игра, со настап на членовите на КУД “Панче Пешев” – Куманово. На 24 издание на оваа гастрономска манифестација, присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој упати празнична честитка до присутните почитувачи на традицијата и обичаите, претседателката и членови на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.