Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје, во соработка со Општина Куманово, со цел да ги промовира и поттикне мерките за енергетска ефикасност кај домаќинствата во општината, организира јавен награден конкурс за домаќинства, кои спровеле мерки за енергетска ефикасност на својот дом и домаќинство.
Со конкурсот ќе се популаризираат и наградат мерките што ги примениле домаќинствата да станат енергетски поефикасни, а исто така ќе се промовираат и постигнатите економски, социјални и еколошки придобивки.
Наградниот јавен конкурс ќе се одржи во периодот од 12.10.2026 година до 10.11.2026 година, во траење од 4 недели, на територијата на Општина Куманово, преку веб-страницата www.ekosvest.com.mk.
Наградата за енергетска ефикасност ќе биде доделена на јавен настан, организиран во Општина Куманово, како завршен настан на јавната кампања, за промоција на енергетската ефискасност на домаќинствата и придобивките кои ги овозможува во интерес на граѓаните.
Во прилог – линкови:
Правила за јавен награден конкурс ЕЕ Куманово.pdf
Правила за јавен награден конкурс ЕЕ Куманово.docx