Денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини потпишаа Меморандум за соработка за дигитално поврзување помеѓу Вишиот и Управниот суд со јавните органи, преку софтверската платформа ЕПУС.
Целта на овој Меморандум е ефикасно и економично постапување во управно – судските постапки, преку создавање услови за навремена размена на акти и списи, поедноставување и забрзување на постапките, зајакнување на правната сигурност и транспарентноста, како и намалување на трошоците и воспоставување на ефективен систем за двонасочна комуникација.
Согласно со законските прописи, соработката меѓу двете страни ќе опфаќа активности на размена на податоци во двете насоки, преку софтверската платформа, која ќе кореспондира со постојниот CMS на Судот и постоечкото техничко решение на јавниот орган, во зависност од техничката подготвеност на страните потписници на Меморандумот.
Во придружба на градоначалникот беа раководителите на Одделение за информатичка технологија и Одделение за oпшти работи, Aндријана Вукановска Цветковска и Хајредин Ибраими. Тие присуствуваа на обука, организирана од страна на Одделение за информатика при Управниот суд, со што Општина Куманово официјално стана корисник на софтверската платформа ЕПУС.