
Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на претставници од општинската администрација, денеска остварија работна средба со претставници од Здружението на оџачари – Куманово и претставници од Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Куманово.
Состанокот е во рамки на кампањата: “Чистењето на оџакот е грижа за сите!”, со цел да се упати апел до граѓаните на Куманово, за навремено и правилно чистење на оџаците, особено пред почетокот на грајната сезона, со што би се намалиле ризици од пожари, а воздухот би бил почист, односно помалку загаден.
По работната средба, активностите продолжија на градскиот плоштад, каде се делеа информативни материјали на граѓаните, од страна на општинската администрација во соработка со здружението.