
Во организација на Регионална занаетчиска комора – Куманово и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово, со финансиска поддршка на Општината, денеска во Занаетчиски дом, беа доделени субвенции на занаетчии, претставници на традиционални стари занаети.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, посакувајќи им на занаетчиите успешно продолжување на традицијата на рачната изработка и опстојување во денешниот современ начин на живеење, време на технологија и прогресивен економски развој.
На свеченоста со пригодни зборови се обрати и претседателот на Занаетчиската комора на РСМ и на Регионалната занаетчиска комора – Куманово, Агрон Фазлији.
Присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од општинската администрација.
Промотивниот настан беше збогатен со музички колажен сплет, во изведба на фолклорен ансамбл “Срма” од Куманово.
Присутните на настанот, како и сите заинтересирани граѓани го посетија саемот на мало стопанство, изложените традиционални занаетчиски производи и сувенирницата во Занаетчискиот дом.