11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Согласно Одлука за комунален ред на Општина Куманово, сите неисправни, хаварисани и отпадни моторни возила, кои  се оставени на јавно прометна површина, потребно е нивните сопственици да ги одјават возилата во Одделение за управни работи Куманово (на ул. ЈНА бб). Со добиената потврда за одјава, граѓаните  треба да  се јават во Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат при Општината, на ул. Братство и единство бр 18, Куманово (спроти градскиот стадион), со цел овие возила да бидат отстранети на сметка на колективен постапувач со хаварисани и отпадни возила.
Доколку  сопствениците на неисправните или хаварисани моторни возила, оставени на јавно прометна површина не постапат согласно оваа законска обврска, истите возила ќе бидат отстранети од страна на колективен постапувач со хаварисани и отпадни возила, а трошоците за отстранување ќе бидат на сметка на сопствениците на неисправните возила. Воедно, сопствениците на хаварисаните и отпадни моторни возила ќе се соочат со  прекршочна постапка од соодветен орган.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email