Ве известуваме дека врз основа на член 3 од Одлуката за обезбедување на помош за домување за 2026 година, бр.09-18303/44 од 29.12.2025 година („Сл.гласник на Општина Куманово“ бр.19/25 ), право на субвенционирање на трошоци за кирија ќе можат да го користат лицата кои имаат статус на:
- корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени
- корисници на социјална сигурност за стари лица и
- жртви на семејно насилство.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за кирија корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), кои живеат на територија на Општина Куманово (лица кои живеат под кирија)
Кон Барањето за субвенционирање подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-лична карта ;
-Решение издадено од ЈУМЦСР Куманово, кое што докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;
-Договор за наем на стан/куќа;
– активна трансакциска сметка;
-телефонски број за контакт.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за кирија корисници на социјална сигурност за стари лица, кои живеат на територија на Општина Куманово (лица кои живеат под кирија)
Кон Барањето за субвенционирање подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-лична карта ;
-телефонски број за контакт;
-Решение/потврда издадено од ЈУМЦСР Куманово, кое што докажува дека лицето користи социјална сигурност за стари лица;
-Договор за наем на стан/куќа;
– активнатрансакциска сметка.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за кирија – жртви на семејно насилство, кои живеат на територија на Општина Куманово (лица кои живеат под кирија)
Кон Барањето за субвенционирање подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-лична карта ;
-телефонски број за контакт;
-Договор за наем на стан/куќа;
– активнатрансакциска сметка;
– потврда дека е жртва на семејно насилство евидентирано во ЈУМЦСР/ Записник за примање на пријава од МВР/Решение за изрекување на привремена мерка од Суд.
Барањата можат да се подигнат на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) или на следниов ЛИНК
Барањата со потребна документација се доставуваат до Архива на Општина Куманово од 12.01.2026 до 12.02.2026 година.
БАРАЊАТА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ГИ ПОПОЛНУВА РОДИТЕЛ/СТАРАТЕЛ КАКО ПОДНОСИТЕЛ НА БАРАЊЕ.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН 075/323-569, ОД 0800 до 1400 часот.
Сектор за култура, спорт, социјална заштита,
заштита на децата и здравствена заштита