11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Обраќања

Честитка по повод Денот на Републиката – 2 Август од градоначалникот Димитриевски

Честитка по повод Денот на Републиката – 2 Август од градоначалникот Димитриевски

Денес, кога го одбележуваме еден од најсветлите датуми од македонската историја, 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република 1903 и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, оддржано во манастирот Св. Прохор Пчински во 1944 година, се потсетуваме на славното револуционерното минато на македонскиот народ. Чествувањето на двата Илиндена е уште едно ветување дека дека достоинствено ќе ја браниме и чуваме татковината, горди на својата историја и на својот идентитет. Втори Август е датум кој не обединува и мотивира да продолжиме во духот на заедништвото и меѓусебна почит и поддршка, свесни дека тоа е единствениот пат, кој води кон подобра и посигурна иднина.

Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email